Долгогодишната десна рака на Јирген Клоп, Жељко Бувач, наскоро би можел да го добие првиот самостоен тренерски ангажман.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Бувач, кој многумина го сметаат за еден од најодговорните за успесите на Клоп во Ливерпул, Мајнц и Дортмунд, неодамна доби понуда од Шалке.
Инаку, овој стручњак роден во БиХ соработуваше со Клоп уште од 2001. година, но претходната сезона одлучи да излезе од сенката на германскиот тренер и да се обиде да изгради свое тренерско име.
Ако им се верува на шпекулациите, понудата од Шалке е добра, па нема да биде чудо доколку Бувач седне на клупата на овој бундеслигаш.