Дома Фудбал Останато Жестоки критики за Нејмар од сонародникот: Тој е само разгалено дете!

Жестоки критики за Нејмар од сонародникот: Тој е само разгалено дете!

Пари Сен Жермен претрпе пораз од Реал Мадрид во 1/8 финалето во Лигата на шампионите, а после оваа средба големи критики доби најголемата ѕвезда на клубот од Париз, Нејмар.

Нејмар сега доби критики и од својот сонародник и поранашен репрезентативец на Бразил, Валтер Казараганде.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Казараганде денес работи како коментатор, а таа позиција ја искористи да испрати критики до својот помлад сонародник.

„Навистина не ми се допаѓа однесувањето на медиумите кон Нејмар, тие цело време му даваат поддршка, а тој возвраќа со непристојно однесување. Неговото детинесто однесување имавме прилика да го видиме и против Реал Мадрид. Заработи жолт картон уште во првиот дел, а во второто само среќата го спаси за Роки да не го исклучи поради симулирање“, критикуваше Каразаганде, па продолжи:

„Замислете такво нешто да се случи на Светското првенство, тоа би било катастрофа за Бразил. Нејмар е само разгалено дете, а некои премногу го воздигнуваат, далеку е тој од квалитетите на Меси, Роналдо или пак Марадона“, заврши сонародникот на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За него повеќе нема иднина во Реал: Го купија за 50, а сега го продаваат за 10 милиони евра

Реал Мадрид ова лето ќе направи вистинска „чистка“ во соблекувалната бидејќи веќе е познат…