Неколку европски клубови веќе започнаа битка за потписот на Џеси Лингард, пренесуваат медиумите на Островот.




Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, како и премиерлигашите Вест Хем и Њукасл ќе се борат за потписот на 28-годишниот офанзивен фудбалер.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми пренесуваат дека Лингард одбил да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед и на лето ќе биде слободен агент.




Манчестер Јунајтед му понуди нов договор, но играчот одбива да потпише, бидејќи не е задоволен со својот статус во тимот.




Споменатите клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис и сакаат да го донесат без обештетување.