Дома Фудбал Англија Жалбата одбиена, три натпревари суспензија за Обамејанг

Жалбата одбиена, три натпревари суспензија за Обамејанг

Тренерот на Арсенал, Микел Артета потврди дека клубот ќе биде без една од првите sвезди на следните три натпревари.

Обамејанг доби црвен картон во натпревар против Кристал Палас, а жалбата на Арсенал да не добие подолга суспензија беше одбиена.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На вчерашната прес-конференција, Артета откри дека Обамејанг е суспендиран на три натпревари.

„Потврдено е дека тој ќе биде суспендиран на три натпревари, така што нема да можеме да сметаме на него“.

„Голема штета. Тоа е голема загуба посебно што знаеме дека немаше намера тоа да го направи. Но, погреши со стартот, одлука е донесена и мора да ја почитуваме.“ – изјави Артета.

Тој додаде дека Обамејанг е најважниот играч во тимот и дека ова се навистина лоши вести за него.

Габонецот ќе ги пропушти натпреварите против Шефилд Јунајтед и Челси во Премиер лигата, и дуелот во ФА Купот против Борнмут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се пojави снимка на фантастичниот гол на Валверде од друг агол. Погледнете го.

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Атлетик Билбао со минимални 1:0 во натпреварот од 3…