Дома Останати Ракомет ЕХФ ги објави термините за завршниот турнир во Келн

ЕХФ ги објави термините за завршниот турнир во Келн

Крајот на 2020 година ќе го донесе и фајнл-форот во Келн каде што четири екипи ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите за сезоната 2019/2020.

ЕХФ сега ги одреди и термините за полуфиналните дуели. Програмата ќе започне на 28. декември со дуелот помеѓу Барселона и ПСЖ. Вечерниот термин тој ден им припаѓа на Кил и Веспрем кои ќе го дадат вториот патник во големото финале кое ќе се игра еден ден подоцна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што е познато на трибините во „Ланксес Арена“ нема да има навивачи.

Ќе потсетиме, на последниот фајнл-фор турнир славеше Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров: Нема да биде лесно, очекувањата од нас секогаш се големи

Македонија загуби на пријателскиот меч против Хрватска (23-26) во Пореч пред почетокот на …