Дома Фудбал Останато „ЕСПН“: Ако Солскјер не биде конечното решение, Јунајтед носи тренер од Италија

„ЕСПН“: Ако Солскјер не биде конечното решение, Јунајтед носи тренер од Италија

Oле Гунар Солскјер има одличен старт на клупата на Манчестер Јунајтед и во два натпревари запиша две победи со гол-разлика 8:2.

Солскјер е доведен како привремено решение до крајот на сезоната, но многумина веруваат дека после ваквиот старт Солскјер ќе добие долгогодишен договор.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, денес реномираниот „ЕСПН“ излезе со вест дека Масимилијано Алегри е човекот кој треба да дојде на клупата на Јунајтед после Солскјер.

На Алегри му оди фантастично во Јувентус и неговиот тим се уште е без пораз во италијанската Серија А после 18 одиграни кола има 16 победи и две нерешени средби. Јувентус е лидер со девет бодови предност.

Во изминатите сезони освои четири двојни круни во Италија додека во Лигата на шампионите која е главна цел оваа сезона играше две финалиња.

Секако, во Јувентус не ни помислуваат да се разделат со Италијанецот, но ако „старата дама“ стигне до тронот на Европа не е исклучена можноста Алегри да побара нов предизвик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пред дербито со ПСЖ: Миленикот на навивачите на Реал Мадрид доби одлични вести

Реал Мадрид вечерва ќе игра полуфинале од Светското првенство за клубови против ПСЖ, а еде…