Иднината на Кристиан Ериксен и понатаму е главна тема, откако Данецот остана во Тотенхем и после затворањето на летниот трансфер пазар.
Реал Мадрид, кој беше посакувана дестинација на Ериксен, не направи сериозен обид да го донесе во своите редови, а тој ја одби понудата на „црвените ѓаволи“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Ериксен влегува во последната година од договорот и Тотенхем ќе мора да го продаде во јануари доколку сака да заработи нешто на неговото заминување.
Меѓутоа, медиумите на Островот тврдат дека многу поголема е веројатноста Данецот да си замине следното лето како слободен агент.
Мадридски „АС“ пренесува дека Реал Мадрид веќе е во неофицијални преговори со неговите менаџери и можно е Данецот во јануари да потпише преддоговор со „кралевите“, а следното лето да пристигне без обештетување.
Самиот Ериксен преферира преселба во Реал, каде го гледаат како легитимен наследник на Лука Модриќ.