Дома Трансфер зона Енрике нема трпение: ПСЖ ја продава ѕвездата од 95 милиони евра?

Енрике нема трпение: ПСЖ ја продава ѕвездата од 95 милиони евра?

Француските медиуми пред неколку дена пишуваа за ситуациите на Осман Дембеле и Џанлуиџи Донарума со Луис Енрике, а сега изгледа на ред дојде Рендал Коло Муани.

„Л’Екип“ објави дека Коло Муани би можел да го напушти Париз, според последните инфорамции тој не се вклопува во системот на Енрике ниту како „лажна деветка“ и до сега не покажа дека може да биде голем играч.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Не му оди на теренот и поради своите технички слабости не се вклопува идеално во тимот. Наводно, Коло Муани и самиот е свесен и смета дека и него не му одговара тоа што Енрике го бара од екипата и не ги исклучува преговорите со други клубови.

Но, проблем е што ПСЖ сака скапо да го продаде бидејќи за него пред само една година платија 95 милиони евра.

Муани има 25 години и договор до 2028 година и јасно е дека би заминал само во случај на вистинска понуда, како за него, така и за ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Погба преговара со „најконтроверзниот“ тим во Европа?

Францускиот играч за врска Пол Погба ќе се врати на терените оваа пролет откако му беше на…