Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике сериозно размислува да го пресели Џанлуиџи Донарума на клупата за резерви.
Весникот „Екип“ пренесува дека Шпанецот бил бесен на Италијанецот по слабата претстава во поразот од Арсенал и дека сака промена на голот.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Луис Енрике ова лето инсистираше да добие уште еден голман, па Русинот Матвеј Сафонов пристигна за сума од 20 милиони евра.
Тој дури доби шанса на три натпревари оваа сезона, а сега повторно би можел да го замени Донарума.
Не треба да заборавиме дека во ПСЖ настапува и младиот Арнау Тенас, голманот на Барса од „Ла Масија“, кој минатото лето дојде како слободен играч кога не доби нов договор.
Претходно поради недисциплина токму за натпреварот со Арсенал надвор од тимот остана Осман Дембеле.