Дома Фудбал Лига на шампиони Енрике: Ако ПСЖ ни даде четири, ние можеме да им дадеме 6!

Енрике: Ако ПСЖ ни даде четири, ние можеме да им дадеме 6!

Луис Енрике изјави дека е оптимист пред реваншот со Пари Сент Жермен на „Камп Ноу“ и верува дека неговиот тим може да ја елиминира разликата и да испише историја во ЛШ.

Пари Сент Жермен во првиот натпревар победи со 4:0, но Енрике верува дека неговиот тим е способен да му даде шест гола на „светците“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Заврши само првото полувреме. Треба да одиграме уште 90 минути и се може да се случи. Влегувам во натпреварот со позитивен став. Мораме да бидеме одлични и во одбрана и во напад. Ние сме оптимисти по природа и убедени во тоа што можеме да го направиме“, изјави Енрике.

„Ако некој може против нас да постигне четири гола, тогаш ние можеме шест против нив. Немаме што да загубиме. Никогаш до сега не сме биле во ваква ситуација, но јас верувам во мојот тим“, додаде тренерот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челси ги отпиша играчите за кои плати повеќе од 100 милиони евра

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, потврди дека Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси повеќе не се …