ВБА ја чека тешка борба за опстанок во Премиер лигата, a менаџерот Сем Алардајс сака да го засили нападот до крајот на јануарскиот преоден рок.
Според информациите на „Скај Спорт“ негова прва желба е напаѓачот на Њукасл, Енди Керол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
32 годишниот напаѓач оваа сезона собра 17 натпревари за Њукасл и во поголемиот дел од нив влегуваше од клупата за резерви. Постигна само еден гол, а на теренот помина вкупно 577 минути па поради тоа Њукасл не смета сериозно на него.
Во овој момент вредноста на Керол според „Трансфермаркт“ изнесува 3.2 милиони евра.