Дома Фудбал Италија Емре Џан: Мора да размислам оваа зима, ситуацијата мора да се промени

Емре Џан: Мора да размислам оваа зима, ситуацијата мора да се промени

Емре Џан силно посакуваше во Јувентус, а желбата му се оствари минатото лето. Почека да му истече договорот со Ливерпул и како слободен играч пристигна во Торино.

Сепак, се чини дека направи голема грешка.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот репрезентативец ретко игра во Јуве, а веќе неколку пати јавно зборуваше дека не е задоволен од ситуацијата во која моментално се наоѓа.

Почна веќе да се шпекулира за можен трансфер во јануари, а сега повторно зборуваше за својата ситуација и иднината.

Иако нема голема минутажа во Јуве, тоа за сега не се одрази на неговата репрезентативна кариера, па синоќа и помогна на Германија во победата од 6:1 над С. Ирска.

„Се уште сум играч на Јувентус.“ – изјави Џан после синоќешниот натпревар и додаде:

„Очигледно е дека не сум задоволен од својата ситуација, но давам се од себе на секој тренинг. Се обидувам да ја променам ситуацијата, бидејќи ниеден играч не е среќен кога не игра.“

„Тоа е мојата моментална ситуација во Торино и мора во текот на зимата да размислам што е најпаметно. Сигурно е дека се гледам во Торино, но ситуацијата мора да се промени.“ – порача Џан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…