Aко судиме според она што се пишува во медиумите на Островот Арсенал ќе биде и тоа како активен во летниот преоден рок.
Арсенал ќе се обиде во текот на летото да го засили тимот и се поголем е бројот на играчи кои се поврзуваат со „топџиите“ во последно време, а сега се појави информација дека на „радарот“ на Унаи Емери се наоѓа Сусо од Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Без дилеми Сусо во овој момент е еден од најдобрите играчи во Милан и кај него одат голем дел од заслугите за добрата форма на „росонерите“ во последно време.
Сусо наводно во својот договор има откупна клазула во износ од 38 милиони евра која важи за клубовите надвор од Италија. Според информациите Арсенал е спремен да ја плати таа сума, а ако е така им останува само да го убедат Сусо.
Овој фудбалер знае како е да се игра во Премиер лигата бидејќи и еден период беше дел од неа. Сусо во периодот од 2010 до 2015 година го носеше дресот на Ливерпул каде што баш и не се прослави.
Освен Арсенал интерес за Сусо покажеле уште Атлетико Мадрид и Челзи.
Во досегашниот дел од сезоната во Серија А Сусо за своето име пет погодоци и осум асистенции.
https://www.youtube.com/watch?v=-KsECBw6q9Y