Дома Фудбал Италија Елмас трет на листата играчи кои најмногу претрчаа викендов во Серија А

Елмас трет на листата играчи кои најмногу претрчаа викендов во Серија А

Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра солиден натпревар против Џенова, меч во кој главна ѕвезда Горан Пандев.

Пандев постигна два гола во натпреварот и донесе победа за Џенова (2:1). Елмас имаше неколку прилики, а најголемата ја пропушти во последните минути од натпреварот. Сепак, не може да се каже дека „дијамантот“ одигра лош натпревар.

Емас е помеѓу фудбалерите кои најмногу истрчаа овој викенд. Тој истрча 12.4 километри и пред него се само Марсело Брозовиќ со 13.3 и Милан Бадељ со 13.1.

Во последно време Елмас почна да добива почесто прилика кај Гатузо, а неодамна беше стрелец и во купот и во првенството, па се очекува и во следните натпревари да добива солидна минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …