Наполи до врв ја наполни мрежата на Џенова, Милан рутински до три бода на гостувањето кај Котроне.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наполи фуриозно го започна натпреварот против Џенова и поведе во 10-та минута преку Лозано. Домаќините создаваа шанса и во продолжението, но на одмор се замина со минимална предност
Во второто полувреме видовме вистинска голеада со уште пет гола во мрежата на Џенова. Прво погоди Зијелински, па Мертенс и повторно Лозано за 4:0.
Потоа во листата на стрелци се запиша македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, а конечните 6:0 ги постави Политано.
Милан рутински со 2:0 го совлада Кротоне, а стрелци на головите беа Кеси и новото засилување Брахим Дијаз.