Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас изјави дека репрезентацијата мора да го добие мечот со Лихтенштајн за да остане во игра за пласман на Светското првенство.
Сепак, Елмас знае дека треба да се подобрат многу аспекти од играта, а најмногу реализацијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мораме да го добиеме мечот со Лихтенштајн за да останеме во игра за Светското првенство. Се спремаме добро, се надевам дека ќе се вратиме со три бода од Лихтенштајн. Мора да ги испочитуваме замислите на селекторот и да ја поправиме реализацијата заедно со неколку други детали од играта“.
„Не очекува еден тежок дуел, иако знаеме дека Лихтенштајн е дефанзивна екипа, се работи за компактен тим. Лихтенштајн не го гледаме како тест пред Германија. Наше е да одиграме според планот. Сакаме да ги освоиме шесте бода, ќе се обидеме да дојдеме до такво нешто“, изјави Елмас.