Дома Видео Елмас играше еден час во поразот на Наполи од Барселона

Елмас играше еден час во поразот на Наполи од Барселона

0

Пријателски натпревар синоќа одиграа екипите на Наполи и Барселона, а победа оствари шпанскиот тим со резултат 2:1.

Нашиот репрезентативец Елиф Елмас одигра одлични 57 минути и доби комплименти од Карло Анчелоти кога беше заменет.

Нормално, овој натпревар не беше толку резултатски важен, но секогаш е убаво да оствариш победа.

Првиот погодок на овој натпревар беше виден во 38. минута, кога Бускетс ја донесе Барселона во водство од 1:0.

На изедначување се чекаше само четири минути, а стрелец за Наполи беше Умтити кој си постигна автогол.

Победата на Барселона ја донесе Иван Ракитиќ со гол во 79. минута. До крајот Наполи немаше сили да го изедначи резултатот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Македонецот Секулов потпиша професионален договор со Јувентус

17-годишниот македонски интернационалец Никола Секулов денес стави потпис на професионален…