Дома Фудбал Готово: Новиот напаѓач на Наполи пристигна на прегледи

Готово: Новиот напаѓач на Наполи пристигна на прегледи

Лоренцо Лук вчера пристигна во Рим за да ги заврши медицинските прегледи и да го потпише договорот со Наполи.

Италијанскиот шампион ќе плати 9 милиони евра за позајмицата на овој 23-годишен напаѓач, со обврска за откуп за дополнителни 26 милиони евра, плус 5 милиони евра во форма на бонуси. Оваа сума е наменета за Удинезе.

Лук е висок дури 201 сантиметар, а минатата сезона постигна 14 гола.

Наполитанците продолжуваат со засилување на тимот за настап во Лигата на шампионите. Една од најголемите ѕвезди што пристапи во тимот е Кевин Де Брујне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се е решено: Леао ќе игра во Галатасарај

Сѐ околу трансферот на Рафаел Леао од Милан во Галатасарај е 100% договорено и Португалецо…