Дома Фудбал Лига на шампиони Еден од хероите на Севиља: Дали Милан гледаше? (Фото)

Еден од хероите на Севиља: Дали Милан гледаше? (Фото)

Неверојатното враќање на Севиља во вчерашниот натпревар против Ливерпул е нешто за кое денес зборува целиот свет.

Овој кам-бек на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ веќе е наречен „Писхуанбул“, според легендарниот пресврт на Ливерпул во Инстанбул во финалето од Лигата на шампионите против екипата на Милан.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ливерпул во вчерашниот натпревар после половина час имаше предност од 3:0, но домаќините успеаа да се вратат во натпреварот и на крајот да извлечат реми од 3:3.

Еден од хероите на оваа победа на Севиља Бен Једер кој постигна два погодоци по натпреварот објави интересен пост на својот Твитер профил.

„Се надевам дека АЦ Милан го гледаше овој натпревар“, напиша Французинот со слика од крајниот резултат на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Крос откри голема тајна: “Ќе ја освоиме Лигата на шампиони, а Перез наутро ни вели дека…”

Германската легенда Тони Крос сподели некои посебни спомени од времето што го поминал во Р…