Дома Фудбал Англија Еден од најпознатите англиски судии објави крај на кариерата

Еден од најпознатите англиски судии објави крај на кариерата

Eден од најпознатите англиски судии Андре Маринер и официјално објави дека се повлекува од професионалното судење.

Маринер става крај на кариерата на 52-годишна возраст, а последен натпревар кој го судеше беше натпреварот од последното коло во Премиер лигата во кој Арсенал го победи Вулверхемптон со 5:0.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Ќе ми недостасуваат сите моменти на теренот, имам многу спомени на кои ќе се сеќавам со задоволство. Ја сакав скоро секоја минута помината на стадионите“, изјави Маринер по пензионирањето.

Во 23 години како судија тој делеше правда на 391 натпревар, а негов прв натпревар во најсилната англиска конкуренција беше во 2004 година помеѓу Чарлтон Атлетик и Норвич Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Селекторот го оправдува Роналдо: Страстен е, а уште го влечат и драматизираат постојано (Видео)

Селекторот на Португалија Роберто Мартинес има оправдување за исклучувањето на својот капи…