Изгледа дека огромната сума од 26 милиони евра која Манчестер Јунајтед ќе мора да ја исплати на својот поранешен менаџер Жозе Мурињо на сопствениците нема толку тешко да им падне.
Имено, денес пристигнува вест дека само еден ден после отказот на Мурињо на берзата во Њујорк вредноста на Манчестер Јунајтед се зголемила за 6%!
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со месеци наназад Манчестер Јунајтед забележуваше очајни резултати, па акциите на „црвените ѓаволи“ забележаа драстичен пад.
Според некои тврдења клубот изгубил околу милијарда долари бидејќи цената на една акција од 27.2 долари по акција паднала на 17.25 колку што изнесуваше изминатата недела.
Сепак, со заминувањето на Жозе Мурињо акциите на Манчестер Јунајтед повторно ја зголемиле својата вредност и клубот од „Олд Трафорд“ сега вреди 120 милиони долари повеќе отколку пред 24 часа.