22-годишниот дефанзивец на Селтик, Кристофер Ајер ова лето ќе биде „жешка“ тема на трансфер пазарот.
Норвешкиот репрезентативец со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а особено на клубовите од Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот агент потврди дека Ајер ова лето ќе ја промени средината бидејќи е подготвен за чекор напред во кариерата, па веќе започна битката за неговиот потпис.
Се очекува главната битка за Ајер ова лето да ја водат Милан, Тотенхем и Манчестер Сити, а неговата цена во моментов се движи помеѓу 20 и 30 милиони евра.