Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за играчот на Марсеј, Бубакар Камара, пренесуваат француските медиуми.
21-годишниот Французин игра одлично во Марсеј, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а тој веќе одби да ја продолжи соработката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска.
Милан и Манчестер Јунајтед веќе подолго време го следи играчот, а интерес за него покажувата уште Барселона и Баерн Минхен.
Споменатите клубови веќе стапиле во контакт со неговиот агент и ја започнаа битката за неговиот потпис, а Камара на лето ќе биде слободен агент.