Дома Топ вести Европските гиганти се „тепаат“ за младата ѕвезда од Примера

Европските гиганти се „тепаат“ за младата ѕвезда од Примера

21 годишниот дефанзивец на Реал Ваљадолид, Мохамед Салису оваа сезона блеска во Примера и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Реал Мадрид и Атлетико одамна го следат дефанзивецот од Гвинеја, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Манчестер Јунајтед.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Салису има договор со Ваљадолид до 2022 година, а она што го прави уште поинтересен на пазарот е неговата откупна клаузула од „само“ 10 милиони евра.

Салису сезонава настапи на 27 меча за Реал Ваљадолид, а неговите добри партии не останаа незабележани па неколку премиерлигаши уште во јануари покажаа интерес за него.

Се шпекулира дека Реал Ваљадолид има намера да му понуди нов договор, со цел да заработи повеќе од неговата продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…