Патрис Евра е на излезна врата од Јувентус, а медиумите тврадат дека Французнот ќе се врати во Премиер лигата.
Интерес за Евра покажуваше и Валенсија, но италијанските медиуми тврдат дека Французинот преферирал враќање во Англија и затоа ја прифатил понудата на Кристал Палас.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Старата дама“ ќе го пушти ветеранот без обештетување, само се чека најпрво да биде донесена негова замена, а потоа трансферот ќе биде официјализиран.
Евра пред две и пол години пристигна во Јувентус од Манчестер Јунајтед, каде ги помина најубавите години од својата кариера и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа.
Јувентус како негова замена сака да го донесе Босанецот Колошинац од Шалке со кого веќе има постигнато договор.