Во Марсеј следново лето се спремаат големи промени, а еден од новодојденците на Велодром би можел да биде Марио Манџукиќ.
Олимпик за ова лето спрема проект вреден 200 милиони евра, а во фокусот на новите сопственици на некогашниот првак на Европа ќе биде засилувањето на срцето на офанзивниот ред. Со оглед на фактот дека во моментов само Бефатимби Гомис е единствениот централен напаѓач со искуство во екипата, а уште е на позајмица од Свонси, спортскиот директор Андони Зубизарета го сака хрватскиот напаѓач како носител на играта на Марсеј.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според бројните информации кои стигнуваат, Патрис Евра веќе го повикал бившиот соиграч на лето да ја смени средината и да оди во француското пристаниште, а новите „работодавци“ на Манџукиќ му нудат она што Јувентус во моментов не може да го понуди – поголема палта и постојано стартно место во првите единаесетмина. Евра и Манџукиќ имаат ист агент, што би можело да биде пречка за остварување на трансферот.
Манџукиќ има договор со Старата дама до јуни, 20196 година, со сезонска плата од 3,5 милиони евра. Марсеј нуди 4 милиони евра нето плата (кога ќе се одбијат даноците), а на Јувентус наводно му подготвува 20 милиони евра за реализација на трансферот.