Дома Фудбал Италија Еве што значи Роналдо: Знаете ли колку нови фанови доби Јуве преку ноќ?

Еве што значи Роналдо: Знаете ли колку нови фанови доби Јуве преку ноќ?

На сите им е јасно дека Јувентус со доведувањето на Роналдо не профитира само во фудбалски, туку и на маркетиншки план.

Колку значи доаѓањето на Роналдо во Јувентус најдобра потврда е бројот на следбеници на овој клуб на социјалните мрежи, конкретно на Инстаграм која е најпопуларна платформа од овој тип на интернет. Неверојатен делува податокот дека Старата дама преку ноќ доби нови милион следбеници, а тој број константно се зголемува од секунда во секунда.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Вчера Јувентус имаше 10 милиони следбеници, додека денеска има 11.1 милиони и бројката вртоглаво расте. Нормално, официјалните страници на Јувентус бележат значителен раст и на Фејбук и Твитер, а треба да се напомене дека Роналдо се уште не го изрекламирал новиот клуб на својот профил кој има неверојатни 134 милиони следбеници.

Фотографијата која Јувентус ја објави пред 17 саати со која го претстави Роналдо собра 2.7 милиони лајкови, што е апсолутен рекорд од постоењето на истата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Интер збеснаа: Го бркаат Турам кај брат му во Јувенту!

Браќата Тирам, заедно со Василиј Аџиќ, беа во центарот на вниманието на „Дерби Италије“. П…