Дома Фудбал Лига на шампиони Еве како би изгледала Лигата на шампионите следната сезона

Еве како би изгледала Лигата на шампионите следната сезона

Со формирањето на Суперлигата, УЕФА автоматски ги суспендираше 12. клубови учесници од сите европски натпреварувања.

Кога се најсилните клубови во прашање лојалност на УЕФА изразија само ПСЖ, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Токму тие клубови би биле први фаворити наредната сезона во Лигата на шампионите, ако ситуацијата остане ваква каква што е. Треба да се спомене дека „милионерите“ не се сигурни затоа што се петти во Бундеслигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според сегашниот распоред и суспензиите за најсилните Лигата на шампионите од наредната сезона би била далеку помалку атрактивна.

Од Премиер лигата место би добиле Лестер, Вест Хем, Евертон и Лидс. Од Серија А, Аталанта, Наполи, Лацио и Рома, а од Шпанија Севиља, Виљареал, Бетис и Реал Сосиедад.

Може да има промени до крајот на сезоната во зависност од пласманот, но јасно е дека ваква ЛШ сигурно нема да биде толку привлечна.

Меѓутоа УЕФА сигурно нема да се откаже веќе се најавени најостри санкции, а најголем проблем за „суперлигашите“ може да биде ако заедно со ФИФА УЕФА забрани настап на Европско и Светско на секој играч кој ќе настапи во Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…