Денвер нагетс вчера славеше против Феникс санс со 125-100 и избори финале на Западната конференција, а повторно одличен меч одигра српскиот кошаркар Никола Јокиќ.
Јокиќ во серијата против Феникс имаше просек од 34,5 поени, 13,2 скокови и 10,2 асистенции и поради тоа Србинот доби комплимент од Кевин Дурант.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Секогаш имав почит кон Јокиќ. Не сум изненаден од неговите настапи. Не можам да кажам дека дознав нешто ново за него. Денвер е одличен тим, има длабочина и многу играчи играат заедно со години. Јокиќ е еден од најдобрите центри во историјата на НБА-лигата“, кажа Дурант.
"I always knew how great he was…I wasn't surprised at all…he'll go down as one of the all-time great centers that ever touched a basketball"
— NBA TV (@NBATV) May 12, 2023
Kevin Durant on Nikola Jokic pic.twitter.com/vmwqNL53Cw