Дома Фудбал Англија Дуел на Кин и Карагер: За Кин само еден играч на Ливерпул може да биде дел од Јунајтед во 1999 година (ВИДЕО)

Дуел на Кин и Карагер: За Кин само еден играч на Ливерпул може да биде дел од Јунајтед во 1999 година (ВИДЕО)

Рој Кин и Џејми Карагер вчера имаа жесток дуел на „Скај Спорт“ после натпреварот помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед.

Кин и Карагер имаа задача да ги искомбинираат тим од оној на Манчестер Јунајтед во 1999 година и сегашниот тим на Ливерпул. Кин предизвика многу бура со својот избор кога истакна дека само еден играч од сегашниот тим на Ливерпул би можел да игра во легендарниот тим на Јунајтед.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот играч на „црвените ѓаволи“ објасни дека тогашниот тим на Јунајтед бил еден од најдобрите во историјата и бил скоро совршен. Сепак, призна дека би направил измена во одбраната.

„Од оваа екипа на Ливерпул би земал само еден играч, тоа е Ван Дајк. Голем фан сум на Вирџил тој е машина“, изјави Кин помеѓу другото во дебатата. Целиот дуел погледнете го во видеото под текстот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…