Дома Останати Дувњак МВП на првенството – ова е идеалниот тим!

Дувњак МВП на првенството – ова е идеалниот тим!

Капитенот на Хрватска е прогласен за најкорисен ракометар на Европското првенство кое денеска завршува со финалето помеѓу Хрватска и Шпанија.

Во пресрет на финалето на Европското првенство, ЕХФ го објави ол-стар тимот на шампионатот. Главната награда ја доби Домагој Дувњак, кој е прогласен за МВП на првенството.

Во идеалниот тим се наоѓаат и двајца екс ракометари на Вардар. Игор Карачиќ од Хрватска кој е најдобар среден бек на ЕП, како и Хорхе Македа од Шпанија кој е прогласен за најдобар десен бек.

Најдобриот тим на ЕП:

Голман: Гонзало Перез де Варгас (Шпанија)

Лево крило: Магнус Јоендал (Норвешка)

Лев бек: Сандер Сагосен (Норвешка)

Среден бек: Игор Карачиќ (Хрватска)

Пивот: Бенче Банхиди (Унгарија)

Десен бек: Хорхе Македа (Шпанија)

Десно крило: Блаж Јанц (Словенија)

Најдобар дефанзивец: Хендрик Пекелер (Германија)

МВП: Домагој Дувњак (Хрватска)

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

МВП-наградата на Ол-стар мечот ќе се вика Коби Брајант

Првиот човек на НБА лигата, Адам Силвер потврди дека наградата за најкорисниот играч на Ол…