Дома Останати Тенис Другарите од детството денес ќе играат за полуфинале на Вимблдон

Другарите од детството денес ќе играат за полуфинале на Вимблдон

„Навистина е возбудливо што јас и Руне ќе играме еден против друг во четвртфиналето на Вимблдон“, изјави 20-годишниот Карлос Алкараз, по вчерашната победа против Матео Беретини.

Во моментот кога Ѓоковиќ ќе замине од големата сцена, многу веројатно е дека Руне и Алкараз ќе развијат ново големо ривалство во светскиот тенис.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Јас и Руне уште сега имаме многу убеви моменти заедно. Тој е мој противник од кога имав 12 години. Многу добро се познаваме, како деца игравме на исти турнири, а првпат го видов на турнир во Мајорка“, изјави Алкараз за шестиот носител на Вимблдон.

Двајцата во осминафиналето победија во четири сета со по 3:1, Руне беше подобар од Бугаринот, Димитров.

„Кога би можел да земам нешто од Руне, тоа би бил неговиот бекхенд. Не велам дека мојот е лош, но неговиот е навистина многу добар“, додаде Алкараз.

Двајцата се родени 2003 година и се разлика само неколку дена. Руне е роден на 29-ти април, Алкараз на 5-ти мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…