Јулијан Дрекслер е на излезна врата од ПСЖ, а последните информации се дека Германецот може да се врати во Бундеслигата.
Германските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд е силно заинтересирана за потписот на Јулијан Дрекслер.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
26-годишниот играч има договор со Пари Сент Жермен до 2021 година, а според информациите „милионерите“ веќе почнале преговори за трансферот.
Дрекслер не е задоволен од статусот и минутажата која ја добива во ПСЖ и е спремен да ја прифати понудата на Борусија Дортмунд.
Оваа сезона германскиот репрезентативец има одиграно само 11 натпревари во француска Лига 1, во кои оствари 5 асистенции.