Сасуоло и Наполи денес го одиграа еден од највозбудливите натпревари во Серија А сезонава.
Дуелот на крајот заврши без победник 3:3. Прво еден гол на Инсиње после дваесетина минути игра беше поништен поради офсад. Сасуоло десет минути подоцна дојде до водство со автоголот на Максимовиќ, а Зјелински само четири минути подоцна го изедначи на резултатот. Сасуоло на полувреме сепак замина на предност, Берарди реализираше пенал во судиското продолжение од првиот дел.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ди Лоренцо во 72 минута го изедначува резултатот. Наполи од пенал во 90.минута дојде до прво водство на мечот од 2:3. Тогаш изгледаше дека Наполи ќе ја прекине серијата од пет натпревари без победа на гости, но драмата таму не заврши.
Сасуоло како и во продолжението од првото полувреме, доби пенал и во продлжението во финишот на натпреварот. Реализатор на најсторгата казна во 94. минута беше Капуто.
Мора да се истакне дека покрај головите видовме уште неколку супер шанси и на двете страни, па ремито беше можеби и најреалниот исход.
Елмас во овој натпревар на теренот помина нешто помалку од половина час откако во игра влезе на местото на Мертенс во 67. минута.