Дома Фудбал Лига на шампиони Драма во Русија, Челзи „замрзна“, Јувентус го освои првото место

Драма во Русија, Челзи „замрзна“, Јувентус го освои првото место

Зенит и Челзи одиграа фантастичен натпревар кој заврши без победник (3:3), а тоа го искористи Јувентус за лидерското место во групата.

Челзи започна фуриозно и после само 83 секунди дојде до водство со голот на Тимо Вернер. Потоа следуваше период во кој доминираа домаќините и направија комплетен пресврт до полувремето со головите на Клаудињо и Азмун.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Челзи направи пресврт во вториот дел со головите на Лукаку и вториот гол на Вернер и кога се чинеше дека „сините“ ќе дојдат до победа, во 94-та минута Ерокин постигна фантастилен гол за 3:3.

Јувентус го победи Малме со голот на Кин е го освои првото место во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барди заработи два жолти картони во пет минути во триумфот на Коњаспор

Коњаспор со резултат 2-1 го совлада Башакшехир, а натпреварот ќе остане во лошо сеќавање з…