Дома Останати Драмата продолжува: Бекер останува и без Грен слем титулите!

Драмата продолжува: Бекер останува и без Грен слем титулите!

Кошмарот за некогаш тениски „ас“ Борис Бекер продолжува и понатаму.

Долгот на Бекер изнесува неверојатни 61 милион евра, а токму поради ова човекот кој неодамна беше тренер на Новак Ѓоковиќ би можел да остане буквално без ништо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Веќе е започната распродажбата на имотот на Германецот, вклучувајќи ги и неговите шест Грен слем титули, трите торфеи на Вимболдон, две на Австралија Опен и еден на УС Опен, а претходно му беа запленети четири скапоцени часовници во вредност од 50.000 долари.

Бекер голем дел од парите изгуби поради лошите инвестиции како што е примерот со вложувањето од 100 милиони поврзано со нафтата во Нигерија.

Само од тениската кариера тој заработи околу 53 милиони евра, а во овој момент работи како шеф на секторот за тенисери во Тенискиот сојуз на Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Алкараз го шокираше тенискиот свет со новиот имиџ – ниту самиот не го планирал, објасни што се случило!

Вториот најдобар тенисер во светот, Карлос Алкараз, синоќа го одигра својот прв натпревар …