Дома Фудбал Останато До 22 години беше алкохоличар, а потоа испиша историја во ЛШ!

До 22 години беше алкохоличар, а потоа испиша историја во ЛШ!

Миладин Дадо Пршо го оствари сонот на многу фудбалери кои играат во аматерскиот ранг и стигна до Лигата на шампиони (ЛШ) директно од автомеханичарска работнилница, во која беше вработен.

Пршо не успеа да се пробие во Хрватска со фудбалот, па замина во Франција и до 22 години работел како автомеханичар, пред да го забележи Монако на еден пријателски меч.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Пушеше повеќе од две кутии цигари дневно. Секоја ноќ пиеше пиво во близина на својот мал стан. Имаше 100 кг и проблем со алкохолот, а животот му се смени поради една жена“, откриваат медиумите.

Хрватот ја запознал Французинката Керол која му била спас и го препородила. Тој ослабел 20 кг, го намалил бројот на цигари и викендите ги минувал на фудбалските терени.

Стигна да испише историја во ЛШ и на еден меч да постигне дури четири гола против Депортиво Ла Коруња во 2003 година, но и да го промени своето име од Миладин во Дадо, како што му бил прекарот.

Пршо трипати беше најдобар хрватски фудбалер, а кариерата ја заврши во Глазгов Ренџерс поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо откри дека може да се повлече дури кога ќе оствари уште една цел во кариерата

Кристијано Роналдо сè уште не размислува за крајот, но јасно поставил граница. Португалецо…