Дома Фудбал Лига на шампиони Дортмунд ја провоцира Барселона на Твитер: „Мора да вежбаме корнери“

Дортмунд ја провоцира Барселона на Твитер: „Мора да вежбаме корнери“

Денеска беше одржано извлекувањето за групната фаза во ЛШ.

И оваа сезона не очекуваат спектакуларни натпревари во ЛШ откако добивме неколку одлични групи. Една од групите која ќе биде во центарот на вниманието е групата Ф во која се Барселона, Борусија Дортмунд, Интер и Славија Прага.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Веднаш откако заврши извлекувањето Дортмунд се огласи на Твитер и ја “пецна“ Барселона, а тоа не им се допадна на навивачите на каталонскиот клуб.

Борусија и порача на Барселона дека сега е време да вежбаат корнери алудирајќи на реванш натпреварот во полуфиналето од минатата сезона кога каталонскиот клуб прими неверојатен гол од Ливерпул.

После тој гол за 4:0 Барселона испадна од ЛШ иако во првиот натпревар ги совладаа Црвените на свој терен со 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познато до кога ќе игра Роналдо

Кристиано Роналдо иако наскоро ќе наполни 40 години, сепак се уште игра на врвно ниво и не…