Борусија Дортмунд оваа сезона прими дури 24 погодоци во првиот дел од Бундес лигата и поради тоа управата на „милионерите“ за главна цел во јануари си постави доведување на централен дефанзивец.
Неколку недели наназад скаутите на „милионерите“ го следат Мануел Аканџи (22) од Базел, но и започнале преговори со шампионот на Швајцарија.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Германските медиуми наведуваат дека Борусија во „лов“ на овој фудбалер тргнала со 15 милиони евра, но од Базел немаат пронајдено алтернатива во случај на негово заминување, па поради тоа одолговлекуваат и бараат дополнителни пет милиони.
Од друга страна, тие исто така се свесни дека на „милионерите“ им „гори под нозе“, како и што знаат дека се во добра финансиска позиција поради продажбата на Осман Дембеле во Барселона минатото лето.