Дома Македонски спорт Дориан Бабунски играч на сезоната во Дебрецен!

Дориан Бабунски играч на сезоната во Дебрецен!

Репрезентативец на Македонија, Дориан Бабунски доби големо признание во Унгарија каде што го носи дресот на Дебрецен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


26-годишниот напаѓач настапува за унгарскиот тим од 2023 година и сезонава прикажа навистина одлични настапи, а Дебрецен како третопласиран во првенството обезбеди место во еврокуповите.

Бабунски имаше клучна улога во последните кола. Сезоната ја заврши со 13 гола и четири асистенции на 30 натпревари, посебно одигра одлично со најдобриот клуб во Унгарија, Ференцварош против кого постигна два гола и донесе победа.

По таквите настапи сосема заслужено е прогласен за играч на сезоната во неговиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…