Дома Македонски спорт Дориан Бабунски го одлучи „македонското“ дерби со Серафимов во Унгарија

Дориан Бабунски го одлучи „македонското“ дерби со Серафимов во Унгарија

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски кој се поврзуваше со заминување од Деберецен донесе победа за својот тим во натпреварот против Мол Фехарвар на Никола Серафимов.

Голот на одлука беше дело на Дориан кој го реши натпреварот со голот во судиското продолжение од првото полувреме. На теренот помина 70 минута кога беше заменет.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серафимов на другата страна остана во игра до 86. минута. За Дебрецен ова е прва победа во сезоната и до неа стигнаа дури во седмото коло.

Претходно имаше најави за заминување на Дориан и враќање во Бугарија поради ситуацијата во Дебрецен каде што се промени комплетното раководството и тренерот. Со овој настап можеби Дориан повторно ќе добие важна улога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …