Дома Топ вести „Дон Балон“: Реал Мадрид со 250 милиони евра се враќа по старата желба?!

„Дон Балон“: Реал Мадрид со 250 милиони евра се враќа по старата желба?!

Реал Мадрид ова лето го продаде Кристиано Роналдо кој одлучи кариерата да ја продолжи во Јувентус, па навивачите се во исчекување на големото име кое ќе го замени.

На големо Реал Мадрид се поврзуваше најмногу со Еден Азар, се споменуваше и обид да се доведе Нејмар, но како што одминува времето многумина сметаат дека Лопатеги нема да добие фудбалска ѕвезда и со актуелниот ростер на играчи ќе влезе новата сезона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Хари Кејн беше играч кој на почетокот на преодниот рок исто така многу се поврзуваше со трансфер во Мадрид, а сега „Дон Балон“ најавува нов напад на „кралевите“ по англискиот голгетер.

Имено, шпанскиот реномиран медиум пишува дека Реал Мадрид е спремен со 250 милиони евра да ја тестираа упорноста на претседателот на Тотенхем, Даниел Леви да го задржи Кејн и наредната сезона.

Ќе потсетиме, доколку ваквите најави се претворат во реализиран трансфер Хари Кејн би го соборил рекордот на Нејмар (222 милиони евра).

Кејн беше и најдобриот стрелец на последниот Мундијал во Русија, сепак многумина се сомневаат дека со многу среќа успеал да стигне до оваа титула и неофицијално е прогласен за најлошата „златна копачка“ на едно Светско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…