Лука Дончиќ неодамна се повреди и пропушти неколку натпревари за Далас, а се очекува на паркетот да се врати на почетокот на Новата година.
Додека се пишува за тоа кога ќе се врати на терените повторно се активираше приказната околу неговиот договор со произведувачот на спортска опрема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Конкретно во овој случај се бара компанија чие лого ќе ги краси патиките на 20 годишниот супер талент од Љубљана. Неговата мајка Мирјам Потребин пред два дена на прогласувањето за најдобрите спортисти во Словенија откри дека договорот е блиску.
Сега американскиот новинар на „ЕСПН“ Вили Каин пишува дека работата е завршена и дека Дончиќ ќе облече „Аир Џордан“ патики кои ги произведува „Најк“, а кои се ексклузивно произведени за петкратниот НБА МВП, Мајкл Џордан.
Hearing Luka Doncic may have a new shoe deal soon. pic.twitter.com/kWPqaBhqRs
— Will Cain (@willcain) December 20, 2019
„Аир Џордан“ неодамна потпиша договор со Зион Вилијамс, но тој се повреди и сега се спрема богат договор за Дончиќ. Со оглед на тоа што Вилијамс доби договор вреден 75 милиони евра можеме да очекуваме дека договорот на Дончиќ ќе вреди најмалку 100 милиони евра.