Тимот на Далас изминатата ноќ во интересен натпревар славеше победа против Клиперс со 103:101.




Не изгледаше дека натпреварот ќе влезе во неизвесна завршница кога Мавси во еден момент имаа и 35 поени предност, сепак до крајот тимот од Тексас попушти во играта и им дозволи на Клиперси да се вратат во натпреварот. Заостанувањето беше големо, па така се што можеа е само да приредат неизвесна завршница.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Најдобар поединец во редовите на Далас беше Лука Дончиќ со 35 поени, кај Клиперси Пол Џорџ постигна 23 поени.




За издвојување е и Сакраменто кој во победата над Бруклин успеа да постигне и 153 поени. Кингс беа подобри со резултат 153:121. Теренс Дејвси беше прво име кај победникот додека кај поразените Дурант го заврши мечот со 27 поени.




НБА РЕЗУЛТАТИ: Њу Орлеанс – Мемфис 113-102, Јута – Њујорк 111-118 и Портланд – Сан Антонио 117-110, Сакраменто – Бруклин 153:121, Далас – Клиперси 103:101.