Здружението на НБА играчи соопшти дека бордот претставници на играчи го одобрил 22. декември како датум за почетокот на новата сезона во НБА лигата.
Освен датумот, одобрен е и претходно предложен број натпревари во регуларниот дел од сезоната – 72.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„За останатите детали сега ќе преговараме, очекуваме договор да биде постигнат за сите деликатни прашања и предизвици кои се пред нас“, се наведува во соопштението од Здружението на играчи.
Се очекува наскоро НБА и официјално да потврди дека новата сезона ќе започне на 22. декември.