Дома Трансфер зона Донарума станува нов голман на ПСЖ: Прегледи во понеделник, договор до 2026

Донарума станува нов голман на ПСЖ: Прегледи во понеделник, договор до 2026

Џанлуиџи Донарума многу брзо ќе стане нов голман на францускиот ПСЖ.

Донарума во овој момент е на Европското првенство со репрезентацијата на Италија која запиша две убедливи победи на стартот од првенството против Турција и Швајцарија, а изгледа овие денови ќе биде завршен неговиот трансфер во ПСЖ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според информациите Донарума постигнал договор со ПСЖ до јуни 2026 година, а во Фиренца во понеделник ќе ги направи лекарските прегледи со медицинскиот тим на ПСЖ.

22 годишниот голман одби да го продолжи договорот со Милан. Прво преку својот агент Мино Раиола го уценуваше клубот, но после одбивањето на два понуди Милан немаше намера повеќе да преговара.

Можеше и во Јувентус, но таму работите се променија кога Алегри се врати во клбуот, наводно тој сакал да го задржи Шчесни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…