Џанлуиџи Донарума и официјално се прости од Милан преку емотивно видео на Инстаграм.
Од поодамна е познато дека Донарума го напушта Милан и се сели во ПСЖ како слободен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Некогаш треба да донесете тешки одлуки, но тие се дел од растењето. Дојдов во Милано кога бев малку постар од мало дете. Поминав осум години тука, се боревме, страдавме, победувавме, плачевме, славевме со соиграчи и тренерите и секој кој во тој период бил дел од клубот. Заедно со навивачите кои се неизоставен дел од тие осум години“.
„Неверојатни осум години кои нема да ги заборавам никогаш. Време е да се збогуваме. Далеку од тоа дека ова беше лесна одлука и тешко може да се објасни со зборови. Она што ќе го кажам само е дека дојде вистинското време за промена, за нови предизвици за да растеме и станеме комплетни“, напиша Донарума под видеото.