Дома Останати Доминација на фудбалерите: Ова се спортистите со најголема заработка во 2019 година

Доминација на фудбалерите: Ова се спортистите со најголема заработка во 2019 година

2019 година заврши, па сега се прават некои пресметки кои изостанаа во финишот на годината. Ако се погледне заработката кај спортистите победниците се фудбалерите на кои им припаднаа топ 3 позиции.

Според британскиот таблоид „Сан“ најголема заработка остварил Лионел Меси. Иако Роналдо е човекот кој остварил најголема заработка од спонзори и Инстаграм, Меси е пред него со заработка од 127 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роналдо е втор, веднаш зад Меси со заработка од 109 милиони евра. Португалецот со неговите објави (најмногу на Инстаграм) заработил повеќе отколку од неговата плата во Јувентус, околу 30 милиони евра.

Трет е Бразилецот Нејмар кој годинава и не покажа многу на теренот, можеби повеќе се памети по скандалите надвор од теренот. Сепак и со таков послаб учинок Нејмар заработил 105 милиони евра.

Дури на четвртата позиција е првиот спортист кој не е фудбалер, а тоа е боксерот Канело Алварез со заработка од 94 милиони евра. Зад него топ 5 листата ја затвара Роџер Федерер со 93.4 милиони евра.

ТОП 10:

1. Лионел Меси (Фудбал) – 127 милиони долари

2. Кристијано Роналдо (Фудбал) – 109

3. Нејмар (Фудбал) – 105

4. Канело Алварез (Бокс) – 94

5. Роџер Федерер (Тенис) – 93.4

6. Расел Вилсон (Американски фудбал) – 89,5

7. Арон Роџерс (Американски фудбал) – 89.3

8. Леброн Џејмс (Кошарка) – 89

9. Стеф Кари (Кошарка) – 79,8

10. Кевин Дурант (Кошарка) – 65.4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Навивачите на Њукасл со спектакуларна кореографија за својот миленик 🎥

Навивачите на Њукасл во вчерашниот натпревар против Вест Хем (0:2) направија спектакуларна…