Дома Фудбал Останато Докторот на Нејмар ги исплаши Бразилците: Постои причина за страв…

Докторот на Нејмар ги исплаши Бразилците: Постои причина за страв…

Цел Бразил се моли за здравјето на Нејмар и се надеваат дека тој ќе биде подготвен за настап на Светското првенство во Русија.

Докторот од селекцијата на Бразил, Родриго Ласмар излезе со нови информации поврзани за здраствената состојба на најдобриот играч на оваа земја.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Пред големо натпреварување какво што е Светското првенство ваквите повреди секогаш се причини за страв. Нејмар на почетокот беше нервозен, но неговата ментална сила му помогна тоа да го надмине. Тој сака да се врати што побрзо, но одредивме рок од шест недели после операцијата кога ќе ја направиме следната проценка за неговото опоравување. Ќе направиме нови снимки кои ќе ни помогнат да дефинираме кога тој ќе се врати“, изјави Ласмар.

Секако, сите во Бразил не сакаат ниту да помислат дека нивната репрезентација не ќе може да смета на најскапиот фудбалер во историјата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи влегува во трката за Адемола Лукман

Фудбалерот на Аталанта Адемола Лукман се наметнува како опција за ново засилување на Напол…