Поради смртта на Марадона под истрага се најде неговиот личен доктор, Леополд Лукуе.
Лукуе после обвинувањата зборуваше за медиумите и одговараше на нивните прашања. Во солзи раскажуваше дека не се работи за лекарска грешка и дека и тој го сакал Диего.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Не сум одговорен, горд сум за се што направив за него и за неговото семејство. Ме навредуваше и ме избрка од неговиот дом. Кога се разболи така постапуваше со сите, не сакаше да зборува ниту со неговите ќерки. Кога ме бркаше му кажав дека нема да заминам додека не стане од кревет. Успеав да го подигнам и тогаш морав да заминам. Срцевиот удар е нормална работа за некој кој имал историја на болести како Диего“.
„На Диего ништо никој не можеше да му наметне, беше неверојатно тврдоглав. Требаше да се одвикне од алкохолот, но не сакаше. Моравме да правиме баланс помаѓу таблетите кои ги зимаше и алкохолот. Правеше што ќе посакаше. Не сум виновен за ништо и сум на располагање на обвинителството“, раскажа Лукуе.